Надал: Ќе спијам мирно и да немам најмногу Гренд слем титули

Во пресрет на финалето на Отвореното првенство на САД, Рафаел Надал истакна дека не се грижи дали е прв на вечната листа по број на освоени Гренд слем титули. Роџер Федерер засега има 20 титули и е прв на оваа листа, додека Шпанецот има две помалку, но доколку утре го совлада Русинот Данил Медведев ќе му се доближи на швајцарскиот тенисер.

„Среќен сум со моите остварувања. Добив нова шанса да освојам важен трофеј, сепак треба да одиграм уште еден меч, а дури потоа ќе се радувам. Секако дека постои и опција да го загубам финалето, во спортот не може секогаш да се биде победник. Сигурен сум дека би било убаво да се запишам во историјата како тенисер со најмногу освоени Гренд слем титули, но ќе спијам мирно и ако не успеам во тоа, не се потресувам околу таа тема“, истакна Надал.

Од вкупно 18 Гренд слем титули, дури 12 се на Ролан Гарос, а Надал утре ќе атакува на четвртата титула во САД.

- Оглас -

Најнови вести