Надал меѓу првите му честиташе на Ѓоковиќ за триумфот на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, меѓу првите му честиташе на големиот ривал, Новак Ѓоковиќ, за освојувањето на 23-та грен слем титула.

Со триумфот над Каспер Руд во три сета (7:6,6:3,7:5), Ѓоковиќ го помина Надал на вечната листа на тенисери со највеќе грен слем трофеи.

„Честитки за неверојатното достигнување. 23 е бројот за кој пред неколку години беше невозможно да се размислува, но ти успеа. Уживај со семејството и твојот тим“, напиша Надал на својот профил на Твитер.

https://twitter.com/RafaelNadal/status/1667932265198780418?s=20

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести