Надал: Моментално сум еден од двајцата најдобри тенисери

Рафаел Надал го подобри рекордот на Ролан Гарос во освоени титули. Во неделата стигна до 13-тиот пехар на Француското отворено првенство по фанстастичната победа над првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

На прашањето дали се смета за најдобар тенисер на сите времиња, Надал даде дипломатски одговор.

„За тоа кој е најдобар на сите времиња ќе зборуваме откако јас, Роџер и Новак ќе заминеме во пензија. Моментално сум еден од двајцата најдобри тенисери. Ќе видиме во следниот период што ќе прави Ѓоковиќ, каков камбек ќе има Федерер. Има време за такви анализи. Што се однесува до успехот на Ролан Гарос, јасно е дека направив нешто големо. Дури 13 пати го освоив еден од четирите гренслема, а воедно се изедначив со Федерер по бројот на гренслем-титули“, истакна Надал.

На вечната листа, Федерер и Надал имаат по 20 гренслем-титули, додека Ѓоковиќ заостанува со 17 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести