Надал му честиташе на Ноле, но Шпанецот самиот себе повеќе се пофали

Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди доминацијата во денешниот тенис откако без многу проблеми со 3:1 во сетови го победи Матео Беретини и го освои трофејот на Вимблдон. Во текот на целиот турнир, односно на седумте одиграни меча, Ѓоковиќ загуби само два сета и сосема заслужено стигна до шестиот трофеј на неофицијалното Светско првенство.
Ова беше вкупно 20-ти трофеј за Новак на гренслем-турнирите, со што се израмни со Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои исто така по 20 пати биле на тронот на еден од четирите највредни тениски турнири.

И Федерер и Надал му честитаа на Ѓоковиќ, но останува тоа дека за разлика од Роџер, кој целосно фокусот го насочи кон успехот на Србинот, Шпанецот не пропушти можност да потсети дека тој веќе има 20 гренслем-титули.

„Честитки за Новак за ова неверојатно постигнување. Дваесет гренслем-титули, тоа е неверојатно што ние тројца се израмнивме во тој поглед. Секоја чест и уште еднаш честитки за тебе и за твојот тим“, напиша Надал.

За разлика од Надал, Федерер целиот фокус на честитката го насочи кон шампионот на Вимблдон.

„Честитки Новак за освоената 20 гренслем-титула. Горд сум бидејќи имаме шанса да играме во посебна ера на тенисот. Неверојатен меч, секоја чест“, пишуваше во честитката на Федерер наменета за Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести