Надал речиси по 700 дена победи на земја, а сега вели дека не е фаворит на следниот меч

Рафаел Надал го победи Флавио Коболи со 2:0 во сетови, во првиот меч на турнирот во Барселона. Тоа беше и прв меч за Надал на земјена подлога по пауза од точно 681 ден.

Следен ривал на Надал е Алекс де Минаур од Авастралија, а Рафа вели не е во улога на фаворит.

„Можеби против Кобоси бев фаворит, но против Де Минаур сигурно нема да бидам. Тоа и не е толку важно. Ќе биде дуел меѓу еден искусен тенисер и еден играч кој игра во одлична форма. Да бидеме реални, веќе не можам да бидам фаворит за освојување на титули, без разлика колку и да слушам како ривалите имаат пофални зборови за мене“, вели Надал.

- Оглас -

Најнови вести