Надал смета дека Ѓоковиќ не е апсолутен фаворит за триумф на Отвореното првенство на Австралија

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој е актуелен шампион на Австралија опен, смета дека неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ, не е апсолутен фаворит на првиот гренд слем турнир што ќе се игра идната година.

Ѓоковиќ годинава не настапи на Отвореното првенство на Австралија бидејќи беше депортиран од владата во Мелбурн, но доби дозвола да настапи во јануари, кога ќе се обиде да дојде до десеттиот триумф на овој гренслем-турнир.

Но, Надал смета дека Новак нема да биде апсолутен фаворит за триумф.
„Јасно е дека некој што победил деветпати во Мелбурн е во кругот на големи фаворити за титулата. Меѓутоа, не сметам дека Ѓоковиќ е апсолутен фаворит, има многу тенисери кои можат да одат до крајот“, вели Надал.

Надал моментно води во трката за тенисер со најмногу гренслем-трофеи, Шпаецот има 22, а Ѓоковиќ 21.

„Моите цели се најголеми, сакам да бидам конкурентен на секој турнир на кој ќе играм“.

- Оглас -

Најнови вести