Надал тренира по операцијата на глуждот (фото)

Вториот светски рекет, Рафаел Надал, им се врати на тренинзите откако целосно закрепна по операцијата на глуждот. Шпанецот ги почести своите фанови со фотографија на „Твитер“ како тренира, што значи дека ќе биде подготвен за првиот Гренд слем во 2019 година, поточно за Отвореното првенство на Австралија.

Седумнаесеткратниот освојувач на Гренд слем титули последен пат играше во септември, кога во полуфиналето на Отвореното првенство на САД се откажа во дуелот со Хуан Мартин дел Потро поради повреда на коленото. Повредата на стомачните мускули го оневозможи да ја заврши сезоната, а слободното време го искористи да ги санира проблемите со зглобот.

Се очекува Надал да се појави на егзибицискиот турнир во Мубадала, Абу Даби, турнир кој ќе се игра од 27-ми до 29-ти декември, каде што ќе настапи и бранителот на трофејот, Кевин Андерсон, како и рекетот број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ.

https://twitter.com/RafaelNadal/status/1072096617178783745

- Оглас -

Најнови вести