Надал за 57 дена ја освои третата титула, беше најмлад, сега е и најстар победник во Акапулко

Рафаел Надал без проблеми го доби финалето на турнирот во Акапулко, го надигра Камерон Нори со 6-4, 6-4, што за Шпанецот е трета титула годинава.

Во 2022 година, Надал има скор 15-0, а освен што нема пораз, за само 57 дена освои дури три турнири, од кои едниот грен-слем. Надал во целата 2021 и 2020 година, не успеваше да освои по три турнири, а сега успеа за неполни два месеци.

Надал кога имаше 18 години, беше најмлад победник во Акапулко, а утрово со 35 години, тој стана и највозрасниот победник во историјата на турнирот.

Рекордерот по бројот на грен-слем титули, има освоено 91 турнир. Повеќе од него имаат само Џими Конорс (109), Роџер Федерер (103) и Иван Лендл (94), кој му бега на Надал за три. Новак Ѓоковиќ е петти со 86.

- Оглас -

Најнови вести