Надвор владее пандемија, а Белорусите си „билдаат“ популарност

Додека Европа е парализирана од пандемијата со Коронавирусот, во Белорусија спортот си тече нормално, а нивната фудбалска Премиер лига е единствена која во моментов се игра и воопшто не се прифаќа опцијата шампионатот да се прекине. Наместо тоа, Белорусите билдаат популарност и заработка од ТВ права како никогаш досега, по што се најавени соработки со уште десетина странски телевизии околу пренос на натпреварите.

Потврден е интерес од Русија и Украина за пренос на сите натпревари во живо, додека наводно побарувачка имало и од Израл и Индија. Во следниот период би требало да се оствари соработка со уште неколку земји ои би ги пренесувале натпреварите, а со тоа ќе се зголеми и заработката од ТВ правата.

За најстравствените фудбалски фанатици, белорускиот фудбал моментално е единствен кој може да се следи во живо, ако се знае дека остатокот од шампионатите во Европа и континенталните натпреварувања се прекинати повеќе од три недели.

- Оглас -

Најнови вести