Награда за добрите партии: Навас останува во ПСЖ до 2024 година

Кејлор Навас, голманот на ПСЖ, го продолжи договорот со францускиот првак до јуни 2024 година. Светците го наградија Костариканецот за добрите партии така што му укажаа доверба по брзото адаптирање на новата средина.

Навас пред две сезони му беше позајмен на ПСЖ од редовите на Реал Мадрид, за во летото 2019 година да го комплетира трансферот на „Паркот на принцовите“ за сума од 15 милиони евра.

Навас во 72 настапи вкупно дури 36 пати ја сочува својата мрежа, а оваа сезона е втор најдобар голман во Лига 1 само со 16 примени гола во 25 меча, во кои 14 пати заврши без примен гол.

Потписот на новата соработка доаѓа само на два дена пред првото полуфинале против Манчестер сити во Лигата на шампионите, што ќе биде нова прилика за Навас да го оправда останувањето во Париз.

- Оглас -

Најнови вести