Наградата за „симулација на годината“ треба да ја добие играч на Ѓургарден (видео)

Ѓургарден вчера славеше со 2-1 на гостувањето кај Гетеборг, во мечот од седмото коло од шведската Прва лига, а нивниот напаѓач Кале Холмберг ја изведе „симулацијата на годината“.

Гостинскиот фудбалер во обид да остане на нозе и да ја сочува топката, сам падна на работ од шестнаесетникот и заработи пенал во корист на Ѓургарден. Од повторената снимка јасно се гледа дека Холмберг не беше во физички контакт со противничкиот играч, своеволно падна на тревата и го доби прекршокот, а гостите токму со реализираниот пенал се доближија до трите бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести