Најавен интернет-пренос од ракометниот меч Египет – Македонија

Ракометната федерација на Египет најави пренос од денешниот пријателски натпревар помеѓу Египет и Македонија (почеток во 17 часот по македонско време). Натпреварот ќе биде пренесуван на фејсбук-страницата на Египетската федерација.

Египет и Македонија и утре во истиот термин ќе одиграат уште една контрола. Овие мечеви ќе служат како подготовка за Европското првенство 2022. Египќаните како селектор на клупа го имаат екстренерот на Вардар, Роберто Парондо, а беа и полуфиналисти на ЛОИ во Токио.

Нашиот селектор Лазаров на располагање има 19-мина ракометари и се очекува сите да добијат шанса.

- Оглас -

Најнови вести