Најавен нов прекин на мечот на Данска!

Данска во Копенхаген игра против Белгија во меч на кој домаќините не смее повторно да киксираат. Данците во првото коло неочекувано со 0:1 загубија од Финска на мечот кој ќе се памти по лошо. Капитенот на Данска, Кристијан Ериксен, доби срцев удар на сред меч, но, за среќа, лекарските екипи брзо реагираа и успеаја да го спасат фудбалерот, кој сега е во болница и се чувствува многу подобро.

Според најавите, денешниот меч во Копенхаген повторно ќе има прекин, но тој ќе биде краток и ќе биде во чест на Ериксен. Се најавува дека точно во 10-тата минута, Данците планираат да ја исфрлат топката во аут и мечот за кратко да биде прекинат за да му се даде поддршка на Ериксен, кој од болничкиот кревет ќе навива за неговите соиграчи. Десеттата минута е избрана за прекин затоа што Ериксен ја носи 10-ката во репрезентативниот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести