Најбизарната и највисоката петорка во историјата на НБА

Во првиот меч по паузата од неколку месеци, Денвер се реши за многу чудна комбинација. На дуелот против Вашингтон, Нагетси играа само со осуммина кошаркари, а интересно е што дури седуммина од нив беа високи, а само еден понизок. Поради ваквиот „крпен“ состав, тренерот Мајк Мелоун реши да ја направи најчудната стартна петорка.

Просечната висина на стартерите на Денвер беше 209 сантиметри. На паркетот се најдоа Никола Јокиќ (висок 213 сантиметри), Џереми Грант (203 см), Бол Бол (218 см.), Пол Милсап (201 см.) и Мејсон Пламли (211 см.). Во една ваква ситуација, Јокиќ беше во улога на плејмејкер, Грант играше како бек шутер, а 218 сантиметри високиот Бол беше на позиција ниско крило. Само Милсап и Пламли беа на своите природни позиции.

„Мислам дека вечерва ја видовме највисоката стартна петорка во историја на НБА-кошарката“, вели Мелоун. Покрај петтемина стартери, на клупата беа само уште Тејлор Кук (крило), Ноа Винле (центар) и Трој Денијелс, кој беше единствен бек во составот.

И покрај тоа што Девер играше во чуден состав, на крајот успеаја да слават против Вашингтон со 89:82.

- Оглас -

Најнови вести