Најбизарно во историјата на фудбалот – Му пропадна трансферот за 3 сантиметри што му беа додадени на Википедија

Невиден фудбалски циркус се случи во Белгија со трансферот на некогашниот младински репрезентативец на Данска, Мадс Фенгер, кој е член на шведскиот Хамарби, а требаше да го засили Зулте Варегем.

Данецот беше во Белгија, се фотографираше со дресот на Зулте Варегем, но досега невидена ситуација го спречи да го потпише договорот со белгискиот прволигаш.

При медицинските прегледи, 31-годишниот фудбалер беше мерен и колку е висок и според медицинскиот тим, се покажа 183 сантиметри, а не колку што тие имале информација дека Фенгер е висок, 186 сантиметри.

Таа висина му била објавена на Википедија, што беше и главната причина за пропаѓањето на трансферот.

Ваков случај досега немало, а што е најинтересно, Википедија не е официјален извор на информации, но овојпат беше и главен виновник за најбизарното пропаѓање на трансфер на фудбалер.

И што е уште поинтересно, потоа и на Викпедија беше коригиран податокот за височината на Фенгер, па сега стои дека Данецот е висок 183 сантиметри.

 

- Оглас -

Најнови вести