Голманот Ник Поуп е првото големо засилување за Њукасл во следната сезона. Поуп потпиша четиригодишен договор со што е означен стартот на летниот преоден рок во најбогатиот фудбалски клуб во светот.
„Поуп е одличен голман и многу сум среќен што ќе имаме голема конкуренција на еден многу важен дел во екипата“, вели тренерот на Њукасл, Еди Хау.
Поуп во Њукасл доаѓа од екипата на Барнли каде помина шест години и бранеше на 155 меча. Доаѓањето на Поуп чие презиме на англиски значи Папа, беше најавено на уникатен начин, со симулација на бел дим над стадионот „Сент Џејмс Парк“, во стилот како што во Ватикан најавуваат пристигнување на новиот Папа.
https://twitter.com/i/status/1540035271290458113