Најбрз гол во историјата на светските клупски првенства (Видео)

Само 82 секунди му требаа на тимот на Ал Аин да поведе во дуелот со Есперанс, во четвртфиналниот меч од Светското клупско првенство. Стрелец на овој историски гол беше Мохамед Ахмад. Ова е најбрз гол во историјата на ова натпреварување. Досега рекордот го држеше Диего Тардели од 2013 година, со 107 секунди на мечот помеѓу Атлетико Минеиро и Гуангџу.

По првото полувреме, Ал Аин води со 2-0, и се наоѓа на добар пат да се пласира во полуфиналето, во кое за противник ќе го има првакот на Јужна Америка, Ривер плејт.

Погледнете го историскиот гол на тимот од Обединетите Арапски Емирати:

https://www.youtube.com/watch?v=bmxpq1uOVvI

- Оглас -

Најнови вести