Најчудните ножички се ремек-дело во Белгија (Видео)

Ножичките се еден од најатрактивните удари во фудбалот и секогаш изгледа импресивно кога играчите ќе постигнат гол со удар преку себе, но стилот на Тибо Сомерс е оригинален.

Играчот на белгиски Серкл Бриж изведе необични ножички и погоди од многу тежок агол за победа против Мехелен од 3:2.

KV Mechelen 2-[3] Cercle Brugge. Thibo Somers great goal from soccer

Сомерс, кој има 21 година влезе во игра во второто полувреме и со прекрасниот гол во 80. минута му донесе победа на својот тим.

За него прв сезонава во Жупилер лигата и вкупно втор во најсилната белгиска фудбалска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести