Најдобрата екипа во последниве 20 дена во Европа има пет победи и гол-разлика 21:0!

Покрај толку многу звучни фудбалски клубови и гиганти кои доминираат на теренот, приматот на најдобар клуб во последниве 20 дена може слободно да му припадне на тимот на АЗ Алкмар. Холандскиот тим синоќа со 3:0 го победи Емен и ја продолжи серијата од пет победи по ред, и тоа без ниту еден примен гол.

АЗ Алкмар серијата ја започна на 24 октомври, кога со убедливи 6:0 ја победи Астана во групната фаза од Лигата на Европа. Потоа следуваше изненадувачки висока победа од 4:0 на гости кај ПСВ во Ајндховен, а неколку дена подоцна беше победен и Твенте со 3:0.

Следуваше нов меч против Астана и нова убедлива победа, овојпат на гости со 5:0, а синоќа АЗ Алкмар повторно славеше, и тоа со 3:0, за вкупна гол-разлика од 21 даден и ниту еден примен гол во последниве 20 дена на сите фронтови.

- Оглас -

Најнови вести