Најдобрата одбрана на ЕП: „Удри“ во ѕид составен од четворица противници (Видео)

Европското ракометно првенство ја достигнува кулминацијата. Денеска се играат последните мечеви од групната фаза, по што ќе бидат познати сите четири полуфиналисти.

Германија е во пол-позиција да го освои второто место во групата во која Франција е сигурно прва. Германците денеска треба да ја победат Хрватска и ќе бидат во полуфиналето. Тука се и Унгарија и Австрија, кои чекаат шанса од „сенка“.

За тоа колку жестоки битки се водат на терените во Германија, покажува и одбраната која ја покажаа Французите во дуелот со Австрија. Пикерот на Австрија, Тобијас Вагнер, доби топка на шестерецот, но кога се обиде да нападне кон противничкиот гол, пред него се појавија дури четворица противнички ракометари.

Едноставно, Французите поставија жив ѕид за Вагнер, кој беше во немоќ. Дефинитивно ова беше една од најдобрите одбрани на еден тим на ова ЕП.

https://twitter.com/i/status/1749782031037345899

- Оглас -

Најнови вести