Најдобриот хрватски кошаркар доби понуда како ниедна досега

На најдобриот хрватски кошаркар Бојан Богдановиќ изминатава сезона му беше најдобра досега во својата НБА-кариера. Во дресот на Индијана пејсерс одржуваше висок ритам, па нормално е оваа франшиза да сака да го задржи во своите редови.

Сепак, Богдановиќ сега е во дилема поради понудата на Јута џез. Тие се подготвени да издвојат до 20 милиони долари годишно за неговите услуги, што би бил најбогат договор на Хрватот откако игра на НБА-паркетите. Крилниот кошаркар воедно би станал и најплатен хрватски спортист на сите времиња, а тоа е една причина повеќе да ја прифати понудата на Јута.

Богдановиќ минатата сезона пропушти само еден натпревар од вкупно 82 во регуларниот дел, а одигра и четири меча во разигрувањата, во кои одржуваше просек од 18 поени по натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести