Најдобриот играч во свет погоди во мечот за најдобар тим на планетата (Видео)

Лука Модриќ погоди во 14 минута за водство на Реал Мадрид од 1:0, по првото полувреме на дуелот против Ал Аин, во финалето на Светското клупско првенство. Официјално најдобриот играч во светот биеше прецизно за радост на европскиот првак, против екипата која е во улога на домаќин на турнирот.

Речиси никој не ни веруваше дека Ал Аин може да стигне до финалето, но домашниот тим успеа да победи на три меча, вклучувајќи го и полуфиналето против Ривер плејт, па заслужено е на мегдан против Реал Мадрид. До крајот на мечот има уште 45 минути во кои Реал ќе се обиде да ја потврди доминацијата, а Ал Аин да се обиде да направи уште едно чудо.

https://youtu.be/R_btvpaxoJ0

- Оглас -

Најнови вести