Најдобриот осми играч во СЕХА-лигата е во Скопје

Катарина Јордановска е победничка на конкурсот за најдобар осми играч во ракометната СЕХА-лига откако нејзината фотографија победи во трката за најдобра во изборот на најдобар ракометен навивач. Првата награда се два ексклузивни билети за фајнал форот на СЕХА-лигата, а таа ќе добие и пакет-производи од компанијата за спортска опрема „Хумел“ и дрес на Вардар со потписи од ракометарите на нејзиниот омилен клуб.

Доделувањето на наградите ќе биде вечерва, пред мечот Вардар – ППД Загреб, кој се игра во „Јане Сандански“ од 20.15 часот.

Вардарци ќе бијат битка со загрепчани за првото место во регионалната лига, но викендов имаат уште поважен меч, од Лигата на шампионите против Монпелје, па вечерашниот дуел ќе биде генерална проба пред она вистинското.

„Натпреварот против ППД Загреб ќе ни биде подготовка за дуелот против Монпелје в сабота. Сакаме да одиграме добар дуел, но мислиме и на Монпелје бидејќи тоа ни е важен дуел во Лигата на шампионите. Горбок и понатаму е на листата на повредени, би можело да биде подготвен за 2-3 недели. Борозан е неизвесен и се надевам дека барем на еден од овие два меча ќе може да одигра. Мораеш се надевам ќе може да издржи, додека другите се подготвени“, вели Роберто Парондо, тренерот на Вардар.

Денеска свој настап во СЕХА има и Металург. Тимот од Автокоманда од 17 часот гостува кај Железничар во Ниш, во дуел за осмата позиција. Тимот на тренерот Веселин Вујовиќ цели 70 дена нема играно дома, но и кај Металург има мотиви да продолжи во позитивен ритам по триумфот во Букурешт кај Стеауа.

- Оглас -

Најнови вести