Бразилскиот дефанзивец Маикон, кој во минатото има играно за Порто и Галатасарај, сега е член на саудиски Ал Наср, и денеска на мечот против Дамак си даде невиден автогол во глава.
Ал Наср и Дамак одиграа 2-2, тоа се екипи кои се при дното на табелата во Премиерлигата на Саудиска Арабија и затоа автоголот против директен конкурент повеќе боли. Идејата на искусниоѕ Маикон беше добра, тој сакаше со глава да ја врати топката кај голманот, но чуварот на мрежата не беше подготвен и беше лобуван.
Погледнете го еден од најефектните автоголови со глава во историјата:
https://streamable.com/dmzj3p