Најемотивен момент викендов: Пред мечот дозна дека мајка му починала, но реши да игра иако цело време беше со солзи во очите (Видео)

Исиага Сила е 29-годишен репрезентативец на Гвинеја и член на францускиот тим Монпелје. Левиот бек вчера го играше можеби најтешкиот меч во кариерата. Неговиот Монпелје победи со 3:0 на гости кај Нант, но Сила постојано беше со солзи во очите и плачеше.

Причина за тоа е смртта на мајката на фудбалерот, вест за која Сила дозна неколку часа пред дуелот со Нант. Иако ја прими можеби најтешката информација во животот, тој собра сила и реши да игра и на теренот беше во текот на сите 90 минути, кои ги помина на многу емотивен начин.

 

- Оглас -

Најнови вести