Најголема сензација на Вимблдон: Анонимен Британец го елиминира финалистот од Ролан Гарос (Видео)

Британскиот тенисер Лијам Броуди, кој е на 142-рото место на АТП-листата, го напрви најголемото изненадување на досегашниот дел од гренслем-турнирот Вимблдон. По голема борба во пет сета, Броуди со 3:2 го победи фаворизираниот Каспер Руд, кој е рангиран на четвртата позиција на АТП-листата.

Само пред три недели Руд играше во финалето на Ролан Гарос во Париз против Новак Ѓоковиќ, а сега доживеа дебакл во Лондон. Броуди го доби првиот сет со 6:4, а потоа Руд беше подобар во следните два, и тоа со 6:3 и 6:4. Сепак, тоа не значеше дека Броуди се предава. Напротив, Британецот заигра многу подобро и во четвртиот сет беше подобар со 6:3, па мораше да се игра решавачки петти сет.

Во петиот сет се случи тотален распад на играта на Руд. Броуди блескаше на теренот и петиот сет го доби со неверојатни 6:0 за ерупција од радост на трибините на Централниот терен.

Интересно е дека Британецот никогаш не бил во Топ 100 на АТП-листата, а најдобриот пласман му е 116-тото место.

 

- Оглас -

Најнови вести