Најголемиот измамник во историјата на спортот, не се кае за гревовите

Некогашниот американски велосипедист, Ленс Армстронг, кој сега има 47 години, седум пати беше шампион на легендарната трка Тур де Франс, но сите тие награди му беа одземени бидејќи се докажа оти ги освои на нелегален начин. Тој победуваше со помош на допинг и откако измамата се откри, Армстронг остана без славата. Но, Ленс не се кае.

„Го правевме тоа што беше потребно за да победиме на Тур де Франс. Не беше легално, но ништо од тоа не би сменил, дури и овој дел кога од херој станав нула и изгубив многу пари“ – изјави Армстронг во интервју за НБЦСН.

Во 1996 година, на Армстронг му беше дијагностициран рак на тестисот, болеста се прошири на други делови од телото, но после два месеци хемотерапија, велосипедистот излезе како победник и му се врати на спортот. Освои дури седум Тура по ред, нешто што не успеало никому во историјата, но тогаш се случи моралниот пад во неговата кариера.

Армстронг остана без титулите, доби доживотна забрана за натпреварување, а во 2013 година во телевизиско интервју призна дека мамел и оти така правел успеси.

 

- Оглас -

Најнови вести