Најголемиот киксер меѓу голманите ја „улови“ атрактивната Дилета Леота

Дилета Леота е најпознатата фудбалска новинарка во Италија и една од најатрактивните водителки во земјата. Според неколку таблоиди, Леота има нова љубов, а тоа е голманот Лорис Кариус.

Германскиот голман се прослави по неговите очајни одбрани во финалето на Лигата на шампионите кога Реал Мадрид го победи Ливерпул, а Кариус беше на голот на англискиот тим и директно беше виновен за два од трите погодоци што ги прими.

По таа очајна вечер за него, Кариус замина од Ливерпул, но каде и да бранеше, повторно правеше тешки голмански грешки. Њукасл сепак реши да му даде шанса на Кариус, а освен тоа што полека се враќа во „фудбалските води“, очигледно дека на љубовен план постигна „вистински погодок“.

- Оглас -

Најнови вести