Најголемите оптимисти се во Северен Лондон – Лутите ривали немаат титула со децении, сега веруваат дека дојде време за круната

Навивачите на Арсенал и на Тотенхем се најголеми оптимисти дека нивните тимови ќе ја освојат шампионската круна во Англија непосредно пред стартот на новата сезона на Премиер лигата што ќе се случи денеска, токму со меч на кој Арсенал ќе му гостува на Кристал палас.

И двата клуба имаат огромна армија од навивачи и во двата табори со 97 проценти се верува дека Арсенал, односно Тотенхем ќе бидат новиот шампион на Англија.

Ривалите од Северен Лондон имаат добра поткрепа за оптимизам, имаат екстра квалитетни тимови, иако на титула во Англија чекаат многу долго.

Арсенал е третата најтрофејна екипа во Англија со 13 титули, но последен пат беше шампион во сезоната 2003/04.

Тотенхем има две титули во Англија, а последната е освоена пред повеќе од половина век, односно во сезоната 1960/61.

Голема верба во успех на своите тимови имаат и навивачите на Манчестер сити и Њукасл, со 96 отсто оптимисти и само 4 проценти кои изразија песимизам.

Еве ја комплетната листа со клубови и очекувањата на нивните навивачи за сезоната 2022/23 што ја изработи „Атлетик“.

[The Athletic UK] Hope-o-meter: How fans feel about their club’s chances in the 22/23 Premier League season from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести