Најголемото светско дерби, Ел Класико, е предизвик за прогнозерите во новото коло на Спортска прогноза

Денеска почнува типувањето за новото 28-мо коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, а најатрактивен натпревар е најголемото дерби на светот, популарното Ел класико меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Во сабота се играат пет натпревари, а колото започнува со дуелот од Премиер лигата Шефилд јунајтед и Барнли, кои се наоѓаат на последните две позиции на табелата. Уште еден натпревар ќе се игра во Англија, и тоа во рамките на полуфиналето од ФА купот. На „Вембли“ во првото полуфинале ќе играат Манчестер сити и Челзи.

Два натпревари се од Ла Лига, и тоа: Рајо Ваљекано – Осасуна и Валенсија – Бетис, додека од Серија А е еден дуел, и тоа меѓу Верона и Удинезе.

Во недела има уште седум натпревари. Освен најголемото фудбалско дерби на светот, ќе се игра уште еден натпревар од Ла Лига, и тоа меѓу Алмерија и Виљареал. Три натпревари се од Лига 1, и тоа: Ле Авр – Мец, Брест – Монако и Тулуз – Олимпик Марсеј. Премиер лигата е застапена со еден дуел, тој меѓу Кристал палас и Вест хем, додека последните два дуела се од Бундеслигата. Во првиот натпревар, новиот германски шампион Баер Леверкузен гостува во Дортмунд кај Борусија, а во вториот дуел ќе играат Фрајбург и Мајнц.
Тука се и двата резервни пара Сасуоло – Лече и Хетафе – Реал Сосиедад.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести