Најлошиот изведувач на слободни фрлања во НБА игра за Портланд, има катастрофална техника (Видео)

Мозес Браун е најлошиот изведувач на слободни фрлања во НБА-лигата, а среќа за неговиот тим Портланд трејлблејзерс е што Браун не игра премногу и ретко застанува на линијата за слободни.

Браун сезонава има само 24 отсто реализација на пеналите. Синоќа на мечот со Атланта хокс тој изведе пет слободни фрлања, а погоди само едно.

Има чудна техника на исфрлање на баскетот ,само со една рака, па не е ни чудно што има толку слаба реализација на слободните фрлања и често ја фрла топката во „бунар“ без таа да дојде до обрачот.

Погледнете како Браун шутира слободни фрлања:

- Оглас -

Најнови вести