Тоа е големината на екипата: Ливерпул го одигра најлошото полувреме сезонава, а сепак победи

Ливерпул славеше со 3:2 на гостувањето кај Вилјареал во меч на кој англискиот гигант на полувреме губеше со 2:0. Жолтата подморница како во транс го одигра првиот дел и тоа резултираше со два погодоци, со кои Вилјареал ја анулира негативата од првиот меч на „Енфилд роуд“, кога Ливерпул славеше со 2:0.

За тоа колку слабо одигра Ливерпул во првите 45 минути на стадионот „Ла Керамика“, покажува и статистиката, која вели дека играчите на Ливерпул во првото полувреме имале само три допири со топката во противничкиот шеснаесетник. Тоа е најлош биланс за тимот на Јирген Клоп во едно полувреме сезонава, во сите натпреварувања.

Ливерпул само еднаш во историјата не успеал да сочува предност од два гола по прв меч во европските купови. Тоа се случило во 1965 година, кога против Интер во првиот меч победи со 3:1, а на реваншот во Милно загуби со 3:0.

Кога Ливерпул имал предност од 2:0 на свој терен во нокаут-фазата, на сите осум реванши успеал да ја сочува предноста и да се радува на пласман во следната фаза, па така беше и вечерва, кога Ливерпул со одлична игра во второто полувреме даде три гола и направи целосен пресврт, па Црвените од „Енфилд роуд“ ќе играат во финалето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести