Волфсбург и Келн одиграа 3:3 во меч од третото коло на Бундеслига. Мечот ќе се памти по неверојатниот финиш. До 90 минута, Вилфсбург имаше предност од 2:1, а потоа почна шоуто.
Судијата покажа 14 минути дека ќе се игра дополнително време, а веќе во 90+1 минута гостите израмнија на 2:2. Во 90+9 минута, домашните навивачи се израдуваа на трет погодок и водство од 3:2, па многумина очекуваа дека тоа ќе биде доволно за победа.
Сепак не беше така. Во 90+14 минута, односно буквално во последните секунди од судиското продолжение, Келн даде гол за 3:3.