Најмалку еден Македонец ќе има во полуфиналето на Купот на Кипар

Олимпијакос Никозија, чиј тренер е македонската легенда Чедомир Јаневски, има добри 1-1 од гостувањето кај Етникос Ахна од првиот нивен четвртфинален дуел во Купот на Кипар. Олимпијакос долго беше во водство, еден досуден пенал им беше поништен по прегледување на снимка со ВАР-системот, а во финишот Ахна даде гол со кој се извлече од пораз.

Реваншот се игра на 17 март. Ова се два клуба кои имаат Македонци во своите редови. Некогашниот македонски селектор Јаневски го води Олимпијакос, а членови на Етникос се Јован Костовски (вечерва играше цел меч) и голманот Мартин Богатинов.

- Оглас -

Најнови вести