
Македонската фаланга ја продолжи традицијата, за време на големо натпреварување на ракометната репрезентација, да го одбележи и големиот православен празник Богојавление Водици. Иако повеќе од 2.300 километри се далеку од Македонија, македонските навивачи и во градот Архус во Данска го одбележаа овој убав празник.
Во еден од градските базени во Архус, десетина македонски верници скокнаа во водата на базенот, во обид да го фатат крстот. Од сите, најсреќен беше најмладиот, а тоа е 12-годишниот Марко од Скопје.

Македонија утре го игра третиот меч од Европското првенство, а секако дека желба на сите е да успее да се пласира во главната фаза на континенталниот собир, но и оваа убава традиција да продолжи и во годините кои доаѓаат, на нови големи натпреварувања на кој ракометната репрезентација ќе носи уште радости.


