Најмладиот во историјата чека шанса од клупа за настап против Манчестер сити

Рајан Матис Черки повторно е резерва на Лион, вечерва против Манчестер сити, исто како и на реванш-дуелот со Јувентус во осминафиналето, со што стана најмладиот фудбалер кој влегол во записник за меч од четвртфинале во Лигата на шампионите.

Черки е роден во Лион и задутре ќе полни 17 години, а со 16 години и 364 дена го претрка Тео Волкот, кој до вечерва го држеше рекордот. Тео беше дел од тимот на Арсенал што играше четвртфинале против Јувентус на 28. март 2006 година.

Волкот пред 14 години исто така беше резерва за Арсенал со полни 17 години и 12 дена и стана рекордер. Черки веќе играше за Лион во француската Лига 1 во сезоната што беше предвреме прекината поради пандемијата со корона-вирус и настапи на шест меча.

Интересно е што Руди Гарсија му даде шанса да дебитира и во овој циклус од ЛШ, против Зенит на 27. ноември, во меч од фазата по групи.

Черки има алжирско потекло, но е роден во Лион и се очекува наскоро да биде повикан и во сениорската селекција на актуелниот светски првак Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести