Најплатениот кошаркар во Европа прифати големо намалување на платата

Спортскиот колектив Барселона неодамна им соопшти на играчите дека ќе се намалуваат платите поради финансиските проблеми во кои западнаа како резултат на прекин на сезоните. Тоа важи за фудбалерите, кошаркарите, ракометарите. Додека трае пандемијата со Коронавирусот, платите ќе се намалат, а по оваа одлука имаше доста несогласност меѓу управата и членовите на клубовите.

Намалување на платата прво одби Пау Рибас, член на кошаркарскиот клуб, добивајќи поддршка од Никола Миротиќ. Сепак, по разговор со претседателот Бартомеу, најплатениот кошаркар во Европа прифати да му биде намалена платата до 70% до крајот на сезоната, процент кој важи за сите останати играчи.

Црногорецот со шпански пасош заработува 5,4 милиони евра годишно во Барселона, па секако неговата согласност добро ќе му дојде на клубот во овој тежок период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести