Најпосакуваниот фудбалер ова лето е втор стрелец во Бундеслигата, а чини само 17.5 милиони евра

Репрезентативецот на Гвинеја, Серу Гираси, со своите настапи за екипата на Штутгарт минатата сезона се наметна како еден од најбараните фудбалери во Европа ова лето. Тој на 28 натпревари оваа сезона во Бундеслигата постигна исто толку голови и го освои второто место на листата на стрелците, веднаш позади Хари Кејн, кој постигна 36 гола во Бундеслигата.

Гираси минатата сезона потпиша тригодишен договор со Штутгарт со откупна клаузула од само 17.5 милиони евра, па тоа го прави уште поаткрактивен за европските гиганти.

Веќе се споменува интерес од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но од калчолигашот Милан веќе објавија дека ги започнале преговорите во Штутгарт за негов ангажман и во него гледаат замена за Оливие Жиру кој летово си заминува од „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести