Најскап слободен играч во историјата: Потписот на Алаба чини вкупно 143 милиони евра

Давид Алаба пристигна како големо засилување на Реал Мадрид потпишувајќи петгодишен договор како слободен играч. Со оглед на тоа дека Кралевите не трошеа средства за трансферот, Алаба си доби богат договор кој до самото истекување ќе изнесува 143 милиони евра.

Неделно Алаба ќе инкасира по 440 илјади евра, односно само од плати ќе собере 114 милиони евра во наредните пет години.

Речиси 18 милиони евра беа префрлени на негова сметка како бонус при потпис на договорот, а за агентот на Алаба беа издвоени 5 милиони евра. Од непознати причини, Реал плати 6,3 милиони евра на семејството на репрезентативецот на Австрија.

Овие суми го прават Алаба најскап фудбалер во историјата, а да не е платен со отштета. Ако се знае дека Кралевите во него гледаат идеална замена за Серхио Рамос, од Алаба се очекува многу и за брзо време да се истакне како клучен играч во тимот на Карло Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести