Најскапиот голман на сите времиња има луда статистика, брани 9 од 10 удари во Премиер лигата (Фото)

Кепа Аризабалага конечно по долго чекање си ја дочека својата шанса во Челзи и брани импресивно во новата сезона.

По повредата на ланскиот најдобар голман на светот, Едуард Менди, на голот на Сините застана најскапиот чувар на мрежата на сите времиња и има луда статистика.

Кепа го брани секој деветти удар од 10 во Премиерлигата и има неверојатен процент на одбранети шутеви од 91.3 проценти.

[Premier League on Twitter] Premier League save percentage this season from soccer

Кепа дојде во Челзи во 2018 година од Атлетик Билбао за рекорден голмански трансфер што го чинеше лондонскиот клуб неверојатни 80 милиони евра.

Имаше многу проблеми и долго сега веќе 28-годишниот голман беше резерва во Челзи.

Постојано се објавуваше дека сакаат да го продадат, но сезонава конечно брани феноменално и има убедливо најдобар процент на одбранети удари од сите голмани во англиското првенство.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести