Најслатка е титулата освоена во директен дуел – Целје конечно дочека пехар по 28 години

Целје конечно дочека да се круниса во фудбалски шампион на Словенија во 29-тото издание на Првата лига, а вечерва во директен дуел со Олимпија ремизираше 2:2 и го сочува врвот на табелата со два бода предност пред популарните Змајчеки и пред Марибор.

Токму со Марибор, Целје е единствената екипа што играла во сите 29 сезони во Првата лига на Словенија, а дури вечерва за првпат стана и шампион.

Против Олимпија, избраниците на Душан Косиќ на двапати водеа со 1:0 и со 2:1 со головите на Керин и на Визингер. На Олимпија ѝ требаше победа, но успеваше само да израмни двапати со погодоците на Елсник, што не беше доволно за петтата титула во Словенија.

- Оглас -

Најнови вести