Најстариот познат фудбалер на светот ќе игра и на 53 години

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура, го продолжи договорот со Јокохама, и ќе игра и во 2020 година. Миура во февруари ќе наполни 53 години, но иако цели 35 години е активен фудбалер, уште нема намера да ја заврши играчката кариера.

Во минатата сезона Миура одигра три меча, не даде гол, но тоа не го обесхрабри. Во Јокохама играше и 41-годишниот Накамура, па летоска во стартниот тим на Јокохама имаше двајца фудбалери кои заедно имаат 93 години, што не се памети во историјата на професионалниот фудбал. Сега ќе биде рекодер на Џеј лигата, а на 23 февруари ќе се сретне со екипата на Андрес Иниеста, Висел Кобе.

За 34 сезони, популарниот Казу има 754 одиграни меча, и 221 голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести