Најтежок пораз во историјата на Чикаго, Дончиќ сам го победи Хјустон (Видео)

Бостон селтикс му го нанесе најтешкиот пораз на Чикаго булс во клупската историја, откако рано утрово го прегази со 133:77. За Селтикс, ова е петта победа по ред, секогаш дава барем 115 поени, но она по што ќе се памети мечот е дека тие поставија клупски рекорд. До пред неколку часа, најубедлива победа им беше беше 51 поен разлика против Филаделфија од 1962 година. Овие 56 разлика се изедначување на НБА рекордот за висина на гостинска победа (Сиетл го има совладано Хјустон на гости со 136:80 во 1986 година).

Од друга страна, Чикаго не знаеше за пораз поголем од 53 разлика (толку загуби од Минесота во 2001), но ете падна и тој негативен клупски рекорд. Сезонава, „биковите“ имаа и еден пораз од 39 поени разлика, против Торонто, но овој срам ги помина сите граници. За тренерот Џим Бојлен, ова беше трети меч како тренер на Чикаго, по заминувањето на отпуштениот Фред Хојберг.

Тексашкото дерби помеѓу Далас и Хјустон му припадна на „дивите телиња“ и тоа благодарение на Лука Дончиќ. При резултат 102-94 за Рокетс на 2,50 минути до крајот, дебитантот Дончиќ реши да ги преземе работите во свои раце, заигра како во транс и за две минути постигна 11 поени по ред за голем пресврт.

Погледнете ги 11-те поени на словенечкото чудо:

РЕЗУЛТАТИ: Далас – Хјустон 107:104, Индијана – Сакраменто 107:97, Атланта – Денвер 106:98, Кливленд – Вашингтон 116:101, Њујорк – Бруклин 104:112, Чикаго – Бостон 77:133, Мемфис – ЛА Лејкерс 88:111, Портланд – Минесота 113:105, ЛА Клиперс – Мајами 98:121.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести