Најтрофејниот англиски клуб подготвува ѓаволска летна понуда за Кејн, навивачите веднаш си го вратија филмот 10 години назад (Фото)

Британските медиуми објавија дека Манчестер јунајтед има куса листа од три имиња што се најсериозни кандидати да ја засилат офанзивната линија на 20-кратниот англиски првак во летниот преоден рок.

Во игра за трансфер на „Олд Трафорд“ се Хари Кејн од Тотенхем, Виктор Осимен од Наполи и Бењамин Шешко од Салцбург.

Фаворит на навивачите е Кејн, а симпатизерите на Манчестер јунајтед веднаш си го вратија филмот 10-на години назад и се потсетија на случајот со Робин Ван Перси.

Холанѓанецот во август 2012 година од Арсенал, односно од Лондон дојде во Манчестер јунајтед и Црвените ѓаволи веднаш следната сезона 2012/13 ја освоија шампионската круна.

Таа им е последна, па сега се надеваат на уште еден трансфер од лондонски клуб, а Кејн е член на Тотенхем, за да им донесе титула во Премиер лигата што ја чекаат повеќе од една деценија, а би била 21-ва, рекордна во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести