Најубавиот потег вечерва во ЛЕ не е гол, ниту асистенција, туку ферплеј (Видео)

Алфредо Морелос, фудбалерот на Ренџерс, вечерва на мечот со Антверпен покажа дека ферплејот во фудбалот е жив и добро би било кога би имало повеќе вакви потези како неговиот.

Морелос беше во продор, кога еден противнички играч кој ги чуваше се повреди, па Морелос наместо да тргне кон голот, бидејќи имаше повеќе простор, реши да ја прекине акцијата и застана, што наиде на одобрување од сите. Ова се случуваше при 1-1, кога белгискиот тим уште имаше шанса да направи нешто во овој двобој.

Коректниот потег на Морелос преку социјалните мрежи го поздрави и Ромелу Лукаку, кој му честиташе. Погледнете што се случи:

- Оглас -

Најнови вести