Најуспешниот тим во НБА вечерва ќе загуби

8571 Бостон селтикс – Њујорк никс (01.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои имаат ист биланс од 25 победи и 26 порази сезонава и се борат за влез во плејофот. Ни Селтикс, ни Никс не се во посакуваната форма, играат многу променливо, заедно имаат само три победи на последните десет меча. Кај Селтикс го нема Фурние. На 17 јануари Никс славеше во „ТД Гарден“ во Бостон со огромни 105-75. Затоа Келтите овојпат ќе бидат посебно мотивирани да се реваншираат.

Предлог тип: >210.5 (1.87)

 

8572 Бруклин нетс – Њу Орлеанс пеликанс (01.30 часот)

Според сите статистички показатели, домашните се големи фаворити во овој дуел, но проблемот е што на листата на повредени им е Харден. Брадата ќе паузира десетина дена и тоа е огромен хендикеп, но добра вест е што се ближи враќањето на Дурант, кој не играл уште од 13 февруари, а можеби ќе се појави вечерва. И покрај повредите, Нетс е на делба на првото место на Истокот. Пеликаните синоќа загубија од Атланта и имаат тешка задача да победат против тим кој дома не знае за пораз од 28 февруари.

Предлог тип: Х 2 –12.50 (1.63)

 

8575 Хјустон рокитс – Далас маверикс (02.00 часот)

Далас е подобар тим од Хјустон, но ова е тексашко дерби, секако и домашните ќе бидат мотивирани да победат. Маверикс предводен од Дончиќ има серија од пет победи по ред, додека Ракетите од 28 март не знаат за победа. Далас оди по петта гостинска победа едноподруго, а Хјустон сака да избегне петти домашен пораз во низа. Овие два тима играа во Хјустон и на 5 јануари гостите славеа со 113-100, но 19 дена подоцна Хјустон се реваншираше во Далас со 133-108.

Предлог тип: Т2 >117.50 (1.87)

 

8576 Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (03.00 часот)

Денвер е во победничка серија, има шест триумфи по ред, а Спарс имаат само две победи на последните десет меча. Нагетс синоќа на Детроит му даде 134 поени, а вечерва игра со тим кој во последно време прима голем број поени. Мамузите ги совладаа Грутките со 119-109 на 30 јануари, но на гости во „Бол арената“ во Денвер, Сан Антонио две години не знае за победа. Спарс завчера загуби убедливо од Кливленд и со намалена самодоверба патува во Денвер против еден од најопасните тимови на Западот.

Предлог тип: 1 (1.44)

 

8577 Феникс санс – Јута џез (04.00 часот)

Ова е дерби на вечерта бидејќи Јута е прва, а Феникс втор на Западот. Џез има само 12, а Санс 14 порази и уште барем една недела никој нема да може да ги симне од првите две места во својата конференција. Феникс има пет победи по ред и 9-1 на последните десет средби, а Јута загуби од Далас на последниот меч, со што им заврши убавата низа од девет победи. Традицијата е на страна на гостите. Јута победи на последните четири гостувања во Феникс и притоа Џезерите секогаш примаа помалку од 100 поени. Но, сезонава многу тимови се изгореа од Сонцата. На Нова година Феникс ја совлада Јута со 106-95.

Предлог тип: 1 (2.11)

 

- Оглас -

Најнови вести