Намала никакви симптоми, но светската шампионка позитивна на Коронавирус

Унгарската пливачка Богларка Капас, која беше светска шампионка во пливање, откри дека е позитивна на Коронавирусот. Таа на сите им порача дека немала никакви симптоми, но сепак дека е позитивна на опасниот вирус.

Капас двапати била тестирана. Првиот пат тестот покажал дека е негативна, но на вториот тест сепак се покажала како позитивна.

„Тестирана сум на Коронавирусот и сум позитивна, иако немам никакви симптоми. Затоа најважно е да знаете дека треба да останете дома дури и кога се чувствувате здраво“, вели пливачката Капас.

- Оглас -

Најнови вести