Наместо да излезе од игра, тргна да се тепа со навивач (Видео)

Ле Авр и Тулуз одиграа нерешено 1:1 во меч од седмото коло на француската втора лига, а освен двата гола, дуелот го одбележа и инцидентот на еден домашен фудбалер. Искусниот 34-годишен Калид Бутаиб во 61-вата минута беше заменет, а Марокенецот наместо да тргне кон клупата за резерви, се упати кон трибините.

Еден навивач на домаќините, очигледно незадоволен од играта на Калид, стоеше и нешто му дофрлуваше на фудбалерот, а овој реши да ги „расчисти сметките“. Малку фалеше да дојде до физичка пресметка меѓу фудбалерот и навивачот. На крајот, играчот на Ле Авр доби црвен картон, н, за среќа, тој се водеше како да е веќе заменет и дека е надвор од игра, па домаќините не останаа со играч помалку.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести