-7.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Наместо историја – катастрофа: Никола Јокиќ заработи тешка повреда! (Видео)

Погледите на спортската јавност беа насочени кон мечот помеѓу Мајами и Денвер и сите очекувања беа дека Никола Јокиќ ќе дојде до нов трипл-дабал, со што ќе се израмни на второто место на вечната листа со Оскар Робертсон, но наместо тоа – се случи катастрофа.

Во последните секунди од првото полувреме, Србинот заработи тешка повреда на коленото откако неговиот соиграч незгодно падна врз ногата на Јокиќ, па мораше да интервенира медицинскиот тим и да го изнесе надвор од теренот.

До тој момент сè одеше според планот. Јокиќ имаше 21 поен, пет скока и осум асистенции и во второто полувреме се очекуваше да дојде до трипл-дабал.

Прогнозите околу повредата се од умерени до катастрофални. Србинот треба да направи комплетни медицински прегледи пред да се утврди степенот на повредата, а клупскиот доктор на Денвер изјави дека Јокиќ ќе паузира најмалку еден месец.

Стравувањата се дека постои можност да се скинати и лигаментите на коленото, а тоа би значело вистинска катастрофа и крај на сезоната за Никола Јокиќ.

Резултати:

Шарлот – Милвоки 113-123
Вашингтон – Феникс 101-115
Бруклин – Голден стејт 107-120
Мајами – Денвер 147-123
Торонто – Орландо 107-106
Чикаго – Минесота 101-136
Хјустон – Индијана 126-119
Њу Орлеанс – Њујорк 125-130
Оклахома – Атланта 140-129
Сан Антонио – Кливленд 101-113
Портланд – Далас 125-122

- Оглас -

Најнови вести