Наместо првак, може да бидат исфрлени од лига затоа што не ги почитуваа препораките за време на корона-вирусот!?

Австрискиот фудбал треба да се врати на теренот на почетокот на следниот месец, но вчера беше обелоденет скандал во кој е вмешан лидерот во првенството, екипата на ЛАСК Линц. Екипите од елитната Бундеслига во Австрија добија „зелено светло“ да може да почнат со групни тренинзи од 16 мај, но очигледно дека во ЛАСК решиле порано да започнат со активни групни тренинзи.

Фудбалерите на лидерот во првенството во тајност тренирале нормално, но преку тајна камера тоа било забележанo и снимката се појави во јавноста, а може да ја видите ТУКА.

Челниците на Бундеслигата најавија дека ќе покренат истрага, а сите 11 останати клубови кои се дел од Бундеслигата во Австрија барале лидерот да биде санкциониран. Постапката која се води против ЛАСК Линц е поради можно „кршење на ферплејот“ по член 111а на Правилникот на Австриската фудбалска федерација (ОФБ).

За прекршување на споменатиот член постојат повеќе опции како казни ако ЛАСК биде прогласен за виновен. Можно е клубот да биде парично казнет, а најдрастичната казна е да биде исфрлен од натпреварувањето, па можно е да се случи екипата која е лидер и се бори за титулата да биде исфрлена!

- Оглас -

Најнови вести